Свет

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел и вети дека ќе се бори против таквите повици пред Генералното собрание на ОН.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека создавањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел и вети дека ќе се бори против таквите повици пред Генералното собрание на ОН.

Треба да се бориме во ОН и на сите други арени против лажната пропаганда против нас и против повикот за создавање палестинска држава што би го загрозило нашето постоење и би претставувало апсурдна награда за тероризмот, рече израелскиот премиер пред состанокот на неговата влада.

Велика Британија, Канада и Австралија денеска соопштија дека донеле одлука за формално признавање на Палестина како суверена држава, а тоа го навија и Португалија и неколку други земјаи.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека признавањето на палестинската државност е „ништо друго освен награда за џихадистичкиот Хамас.

Самите лидери на Хамас отворено кажуваат: ова признавање е директен резултат, „плод“ на масакрот на 7 октомври“. Не дозволувајте џихадистичката идеологија да ви ја диктира политиката, објави министерството на X, без експлицитно да ги именува трите земји.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top