Бизнис

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија

Новата серија носи богат фонд со премии и парични добивки

Државна лотарија ја претстави четвртата серија на инстант лозот „Златна треска“ – игра што комбинира три различни игри во еден лоз и носи возбудливи можности за добивки.

Новата серија носи богат фонд со премии и парични добивки: 5 премии по 585.000 денари 10 добивки по 100.000 денари, 15 добивки по 50.000 денари, 20 добивки по 20.000 денари и многу други парични добивки.

Инстант лозот „Златна треска“ е уникатен по тоа што комбинира три различни игри:

  1. Златна десетка – ако збирот на броевите во еден ред изнесува 10, се освојува добивката од истиот ред.

  2. Златна плочка – доколку во некој ред се открие симболот „златна плочка“, се освојува добивката од истиот ред.

  3. Бонус игра – доколку некој број од полињата „Твои броеви“ се совпадне со бројот во полето „Добитен број“, се освојува добивката наведена под тој број.

Дополнително, ако во полињата „Твои броеви“ се открие симболот 2x, добивката се удвојува.

Со оваа нова серија,  Државна лотарија ја збогатува понудата на инстант игри и нуди повеќе можности за добивка. „Златна треска“ е создадена за оние што сакаат повеќе возбуда и разновидност. Трите игри носат шанси за три добивки на еден инстант лоз, а секое гребење е нова можност за изненадување.

„Златна треска“ е симбол на динамика, надеж и забава – секој лоз е нова авантура и може да биде клучот кон голема добивка.

Новата серија веќе е достапна на продажните места низ земјата. Со комбинација на големи премии и разновидни парични добивки, „Златна треска“ се издвојува како еден од најатрактивните инстант лозови во понудата на Државна лотарија.

Играјте одговорно, уживајте во забавата и дозволете среќата да ви ја донесе вашата „златна“ добивка.

https://loto.mk/GrebGreb

Најнови вести од: Бизнис

Можно ли е во Македонија да се работи четири дена во неделата?!

Просечната потрошувачка кошница во септември изнесувала 58.117 денари, што е за 358 денари или 0,6 проценти помалку во однос на август, но за 1.736 денари, односно 3,1 процент повеќе во споредба со јануари годинава. Ова беше истакнато на седницата на Економско-социјалниот совет, на која социјалните партнери дискутираа и за неработните денови, работата во недела, можноста за воведување четиридневна работна недела и регулирањето на пензискиот стаж.

Алармантна е состојбата со безбедносниот систем во ПИОМ – Андоновски рече дека експерти работат на негова заштита

Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци.

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

To top