Свет

Дрога со достава на домашна адреса

Флаери за продажба на наркотици, биле доставувани во поштенски сандачиња

 

Флаери за продажба на дрога, биле доставувани во поштенски сандачиња во неколку населби во холандскиот град Утрехт, пренесе Плусинфо

Полицијата го истражува случајот со флаерите на кои, покрај илустрации на различни таблети, е испишана пораката „Ајде да се забавуваме“.

Во нив се наведува и дека дрогата може да се нарача преку QR-код или телефонски број, со брза испорака во кое било време од денот.

Плаќањето е можно во готовина или преку барање за плаќање.

Најнови вести од: Свет

To top