Македонија

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не се исполнува тоа што беше договорено на тој самит – рече Бланар

Треба да дадеме јасен сигнал на регионот дека членството во Европската Унија е реално, во спротивно, фрустрацијата на земјите кандидати ќе расте и поради тоа е можно да го изгубиме овој регион – изјави министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Бланар нагласи дека Словачка е против било какви двојни стандарди во пристапниот процес.

-Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не се исполнува тоа што беше договорено на тој самит – рече Бланар.

Шефот на словачката дипломатија ја посочи нашата земја како успешен пример во имплементацијата на Планот за раст и рече дека Владата на Македонија е многу посветена за реформите во евроинтегративниот процес, дека е мотивирана и стабилна, за да го доведе до крај овој процес.

-Имаме одлични политички односи, како и заеднички став за многу геополитички теми. Словачка и Македонија се мали земји и за нас е многу важно да ја одржуваме стабилноста и безбедноста и почитувањето на меѓународното право. Сведоци сме дека прекршувањето на меѓународното право не е во наш интерес – посочи Бланар.

​Тој истакна дека му е чест што е во посета на Македонија, која, како што рече, ни е блиска со традициите кои се уште од време на Кирил и Методиј и до ден денес и ова е нешто коешто не спојува.

-Треба да ја зајакнеме соработката и за таа цел тука е и словачката министерка за култура, којашто ќе потпише Меморандум за соработка во културата. Но сакаме да ја прошириме соработката и во други области и сакаме да ја трансформираме во добра економска соработка. Словачка е лидер во авто-индустријата и затоа сметам дека соработката во автомобилската индустрија може да има капацитет – истакна Бланар.

Главен фокус на разговорите беше ставен на натамошното унапредување на билатералните односи и реафирмирањето на словачката поддршка на нашиот процес на европска интеграција. На средбата беше заеднички оценето дека односите меѓу двете земји се на високо ниво, при што беше изразен особен интерес за продлабочување на економската соработка и привлекување нови инвестиции.

Министерот Муцунски ја истакна важноста на принципиелната поддршка од Словачка за европската перспектива на Западен Балкан и за полноправното членство на нашата земја во Европската Унија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Случајот со “бегалката” – упад во македонскиот правосуден и безбедносен систем.

Со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, како државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја, иако случајот го претстави како „хуманитарен“

Најнови вести

To top