Македонија

Случајот со “бегалката” – упад во македонскиот правосуден и безбедносен систем.

Со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, како државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја, иако случајот го претстави како „хуманитарен“

 Бугарија се изјасни дека не чувствува обврска да одговори на потерницата преку Интерпол на македонското МВР, зашто Ива Михаилова која нелегално пребега во соседната земја била и бугарска државјанка.

Имено, официјална Софија не чувствува ни обврска да утврди на каков (не)законски начин односната Михаилова ја преминала македонско-бугарската граница, бидејќи ја нема во граничната евиденција ниту на македонска, ниту на бугарска страна.
А, со тоа што Бугарија одбива да постапи по потерницата на македонското МВР, и државата членка на ЕУ прави упад во државниот и правниот систем на соседна суверена земја. Односно прави надворешно мешање и безбедносни ризици во македонскиот правосуден и безбедносен систем“  се вели во анализата што ја објави порталот МКД.Мк.
Во анализата се потсетува дека високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, на последните состаноци на ЕУ истакна дека земјите од Западен Балкан кои се стремат кон членство во ЕУ мора да исполнат некои клучни услови и критериуми, кои повторно не се во рамките на Копенхагенските критериуми.

„Секако и понатаму во критериумите останува усогласувањето на надворешната политика – што значи дека земјите-кандидатки мора 100-процентно да ја усогласат надворешната и безбедносна политика со политиката на Европската Унија.

Но, критериумот на безбедносно усогласување се проширува и на борба против хибридни закани и дезинформации, односно зајакнување на соработката против надворешно мешање и безбедносни ризици.

Поради непрецизноста „новиот критериум“ за земјите-кандидати во ЕУ, некако останува недоречено дали борбата против хибридни закани и дезинформации, како и надворешното мешање и безбедносни ризици се однесува и кога тие доаѓаат од земји-членки на ЕУ.

Зашто однесувањето и постапките на бугарските институции и политичари во случајот со Ива Михаилова ги исполнува сите „критериуми“ за  – надворешно мешање и безбедносни ризици во македонскиот правосуден и безбедносен систем“ се вели, меѓу другото, во анализата на МКД.Мк.

ПОВЕЌЕ 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

To top