Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Светската банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Македонија во 2026 година на 3,2 проценти, додека во вториот квартал земјава остварила раст од 4,3 проценти, највисок меѓу шесте економии во Западен Балкан, изјави владината портпаролка Марија Митева. Според редовниот економски извештај на Светската банка за Западен Балкан, објавен на 27 октомври, прогнозата за растот на македонската економија е зголемена за 0,3 процентни поени во однос на претходните проекции.

Митева се повика и на извештајот на Европската комисија, објавен на 20 октомври, според кој економскиот раст на Македонија забрзал од 3,1 процент во првиот квартал на 4,3 проценти во вториот, над регионалниот просек од 3,6 проценти.

  • Особено е важно што оваа оценка доаѓа во период на сериозни глобални економски предизвици, геополитичка неизвесност, ценовни, но и енергетски притисоци, како и забавена економска активност кај дел од нашите најзначајни трговски партнери. За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во вториот квартал градежништвото остварило реален раст од 21,9 проценти, преработувачката индустрија од 4,1 процент, а секторот информации и комуникации од 4,3 проценти. Финалната потрошувачка бележи номинален раст од седум проценти.

  • Тоа се конкретни економски показатели кои говорат за зголемена активност во повеќе значајни сектори. Особено важен е растот на градежништвото, како сектор кој директно и индиректно влијае врз голем број други стопански дејности, домашните компании, транспортот, производството, но и инфраструктурниот развој – рече портпаролката на владата.

Митева нагласи дека позитивните статистички показатели не значат дека се надминати сите економски предизвици, бидејќи граѓаните го чувствуваат животниот стандард преку приходите, можностите за работа и цените на производите и услугите. Таа порача дека Владата останува посветена на одржување на економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и спроведување реформи што треба да придонесат за подобрување на животниот стандард.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

Предлогот да се исплаќа плата по работен час прифатлив за КСС, Владата вели треба да се разгледаат и да се изанализираат сите предлози

Идејата да се плаќаат вработените по работен час, што ја изнесе Сојузот на стопански комори, е прифатлива и за Конфедерацијата на слободни синдикати. Оттаму велат дека време е да се смени методологијата за пресметка на платите. Владата искажува став дека се отворени за дијалог и разгледување на сите предлози, но дека треба да се направат анализи.

Народната банка ги одбележува Светскиот ден на штедењето и Деновите на финансиската писменост

Народната банка веќе четиринаесетта година го одбележува Светскиот ден на штедењето. Деновите на финансиската писменост се одржуваат по десетти пат и се во организација на финансиските регулаторни институции  ̶  Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

To top