Македонија

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

„Замислете, тој идиот да ви победил седум-осум пати на избори. Треба да се поставите прашањето: кој е вистинскиот идиот?“, рече Мицкоски.

Тој се осврна и набавката на вакцини за  корона, наведувајќи дека тогаш биле префрлени околу 10 милиони долари на компанијата „Стабри“ за вакцини што никогаш не пристигнале. Мицкоски нагласи дека се работи за компанија позната по трговија со јужноамериканско овошје, а не за голем светски производител на лекови како „Фајзер“.

Мицкоски посочи дека, според извештајот на Државниот завод за ревизија, 250 милиони евра од кредитот биле насочени кон македонската економија. Тој ги отфрли обвинувањата дека парите завршиле во приватни џебови или биле злоупотребени преку поткуп, тврдејќи дека биле искористени за потребите на економијата.

Најнови вести од: Македонија

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Најнови вести

To top