Македонија

Тачи до Албанците: Ако вашите партии немаат кауза, одете кај македонските

Лидерот на ДПА со необичен апел до сонародниците во Македонија како да ги остварат интересите и како народ, и поединечно

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, апелира до сонародниците во Македонија да им пристапат на партиите на Македонците ако своите интереси како народ и поединечно не можат да ги остварат преку партиите на Албанците.

„Слушајте, ако продолжи вака, ви велам вам, Албанци, не губете време со албански партии. Треба директно да станете членови на македонски партии. Дури и во ВМРО сега, тоа е формално на власт. Бидејќи остварувањето на тие интереси да се стане министер, да се стане директор, денес се реализира многу подиректно, поефикасно во македонските партии. Ако ние, што да кажам, немаме кауза, немаме колективна платформа како народ, како нација, мора брзо да се интегрираме. Глупаво е да се губи време. Бескорисно е. Мора да се интегрираме во повеќепартискиот систем на големиот, моќен народ, што носи власт и така натаму…“, изјави Тачи во интервју за „Љајм“.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

To top