Свет

Зеленски би се сретнал со Путин, но не во Москва, Белорусија или – Северна Кореја

Само ваква средба може да донесе нова динамика во преговорите, смета шефот на украинската дипломатија Сибиха

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека претседателот Володимир Зеленски е подготвен да се сретне со рускиот колега Владимир Путин и директно да разговара за територијалните прашања како дел од напорите за завршување на војната.

Но, како што рече, состанокот не може да се одржи во Москва.

Во интервју за финскиот весник „Хелсингин Саномат“, Сибиха рече дека локацијата на состанокот не е клучна за Киев, под услов да не е Москва или Белорусија, со шеговита забелешка дека и Северна Кореја би можела да биде исклучена.

Тој ја оцени поканата на Русија до Зеленски да дојде во Москва како „несериозна“.

„Ние ја сакаме таа средба и сме подготвени за неа. Веројатно само средба меѓу Зеленски и Путин може да донесе нова динамика во преговорите. Зеленски е подготвен да разговара за најтешките и најчувствителните прашања, вклучително и територијалното прашање“, рече Сибиха.

Според него, директните разговори би можеле да доведат до мерки за градење доверба, вклучително и размена на затвореници и враќање на украинските деца кои, според Киев, биле земени од Украина од Русија, објавува „Киев пост“.

Сибиха ја повика Европа да преземе посилна улога во мировните преговори и да зборува со еден глас, но нагласи дека европската дипломатија треба да ги надополнува, а не да ги заменува, напорите на САД.

„Не е реално да се заврши војната без нив, ниту да се добијат вистински безбедносни гаранции за иднината без нив“, рече Сибиха, осврнувајќи се на улогата на Вашингтон.

Најнови вести од: Свет

(ВИДЕО) Предлогот за ,,Министерство за незадоволни жени“ донесе хаос и голема тепачка

Опозицијата предлага ,,Министерство за незадоволни жени“ со цел да се зголеми наталитетот по што што портпаролот на владата ги прашува дали и нивните мајки ќе бидат дел од него

To top