Бизнис

Над 70 илјади деловни субјекти оствариле милионски промет во 2025 година

Трговијата и преработувачката индустрија имаат најголемо учество во вкупниот промет на деловните субјекти, додека преработувачкиот сектор предничи според создадената додадена вредност.

Вкупно 70.843 пазарноориентирани деловни субјекти во текот на 2025 година оствариле промет од 2.226.478 милиони денари, додека нивната бруто-додадена вредност достигнала 522.087 милиони денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем дел од вкупниот промет отпаѓа на трговскиот и индустрискиот сектор. Компаниите што работат во трговијата на големо и мало учествувале со 38,7 проценти, додека преработувачката индустрија остварила 24,5 проценти од вкупниот промет.

Кога станува збор за создадената додадена вредност, водечка позиција има преработувачката индустрија со учество од 26,2 проценти. На второ место е трговијата на големо и мало со 20 проценти. Значаен придонес има и градежништвото, со 10 проценти од вкупната бруто-додадена вредност, додека секторот за телекомуникации, компјутерско програмирање, консултантски и други информатички дејности учествува со 9,2 проценти.

Податоците покажуваат дека трговијата и преработувачката индустрија имаат најголемо учество во вкупниот промет на деловните субјекти, додека преработувачкиот сектор предничи според создадената додадена вредност.

Најнови вести од: Бизнис

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

Министерство за енергетика: Повеќе од двојно e зголемена наплатата од концесии

Преземаме конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството. Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во 2025 надмина 1,2 милијарди денари, евидентирани се 53 раскинати концесиски договори, а во 2026 инспекцискиот капацитет е зајакнат со тројца дополнителни инспектори, соопшти Министерството за енергетика.

Зошто знаеме да кажеме: Штедам за „црни денови“, кога секој денар на страна е добивка за убав живот

Штедливоста и рационалниот однос кон парите без оглед на длабочината на џебот, се сметаат за карактеристична особеност на македонските домаќинства. За оваа, веќе традиционална претстава, има и официјална потврда. Парите во банките растат. На личните сметки од граѓаните има 7,51 милијарда евра.

СЕПА: Заштеди од 5 милиони евра, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите, вели Величковски

Вицегувернерот Величковски порачува дека преминот кон инстант плаќањата и усогласувањето со европските регулаторни стандарди не претставуваат само реформа на финансискиот сектор, туку стратешки чекор кој овозможува побрз економски раст и подлабока интеграција на земјата во европските и глобалните текови.

АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити

Од првите штедни навики кај најмладите до конкретните можности за штедење на граѓаните, АЛТА банка продолжува да ја поддржува културата на штедење како важен дел од финансиската сигурност и стабилност.

To top