Македонија

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување

Двете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Mакедонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, велат од Министерството за транспорт.

-Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување. Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи, велат од министерството.

Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалци во бегство, се криеле во куќата на Заев во Грција

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ Организацискиот […]

To top