Македонија

Замина директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство

Заминува со мирна совест, благодарност и гордост

Во порака до колегите, пријатели и соработници директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов вели дека резултати се плод на заедничката работа, знаењето и посветеноста на сите вработени.

Со мојата оставка од функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, завршувам едно значајно поглавје од мојот професионален пат, исполнето со одговорност, предизвици, посветена работа и заеднички успеси, вели Миланов.

,,Со гордост можам да кажам дека во изминатиот период заедно постигнавме многу, придвиживме значајни процеси, го унапредивме работењето и поставивме цврсти темели за понатамошен развој на Агенцијата.

Овие резултати се плод на заедничката работа, знаењето и посветеноста на сите вработени, на кои им упатувам искрена благодарност за довербата, поддршката и соработката.

Агенцијата за мене никогаш не била само работно место, ниту директорската функција била единствената причина за мојата припадност кон неа. Бев дел од неа пред да станам директор и останувам нејзин дел и по завршувањето на оваа функција.

Од функцијата заминувам со мирна совест, благодарност и гордост за сето она што заедно го постигнавме.

Функциите се минливи, но делата, достоинството, човечноста и меѓусебната почит остануваат.

Ви благодарам на сите што бевте дел од ова поглавје. Благодарност до Премиерот на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски и претседателот на СПМ Љупчо Димовски за укажаната доверба да ја водам оваа институција. На новиот директор, Јовица Андоновски му посакувам успешна работа и да продолжи да ја менаџира Агенцијата како и до сега.

Беше чест да ја предводам Агенцијата, а уште поголема чест е што сум дел од неа”, вели Д-р Оливер Миланов во пораката.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Лукаревска итно да ја закаже надзорната расправа за Алта банка, кој тука се колеба?!

Стојаноски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги постави сите прашања коишто ја интересираат јавноста, бидејќи смета дека се создава паника таму каде што нема потребa, а граѓаните заслужуваат одговори.

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Администраторот од НБРМ Илија Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка, се гледа ли позитивен епилог на долг рок?!

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

Вајц повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, но и да се промени македонскиот устав!

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент, каде што беше претставен пакетот за проширување, ја повика еврокомесарката Марта Кос да вложи дипломатски напори за решавање на прашањето меѓу Македонија и Бугарија.

To top