Македонија

Македонија враќа египетски мршојадец со пари од ЕУ

Борба за спас на една од најзагрозените птици
грабливки во Европа

Во Македонија има околу 10 гнездечки парови, кои гнездат во Демиркаписката Клисура, Тиквешкиот регион, Мариово, долината на Брегалница и други непристапни локации.

По повеќе од три децении опаѓање, балканската популација
покажува знаци на стабилизација во последниве години, особено во
Бугарија каде што нивната бројност е во пораст. Овој напредок ја
одразува долготрајната соработка помеѓу организациите за заштита на
птиците, институциите и локалните заедници, објавува Македонското еколошко друштво.

Со цел да придонесе кон закрепнувањето на една од најзагрозените птици
грабливки во Европа, во следните 5 години Македонското еколошко друштво
(МЕД) ќе учествува во новиот меѓународен проект „Безбедно враќање на
египетскиот мршојадец“ (LIFE EV Safe Return), кофинансиран преку
Програмата „Лајф“ на Европската Унија, информираат од Македонскито еколошко друштво.

Најнови вести од: Македонија

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување. Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија.

To top