Македонија

Стојаноска: СДСМ побара надзорна расправа за Алта банка, а сега бега од неа

Се согласивме надзорната расправа да се одржи во најбрз можен рок, одлуката ја донесовме во понеделник на 2 ноември, а тие ја закажуваат дури наредната недела во среда, на 11 ноември!

Наместо да имаме брзи одговори за граѓаните во врска со Алта банка, СДСМ измислува изговори за одложување на седницата на надзорната расправа, реагира Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пратеничката група на СДСМ првично се согласи за потребата од надзорна расправа, а сега бега од дебата. Се согласивме надзорната расправа да се одржи во најбрз можен рок, одлуката ја донесовме во понеделник на 2 ноември, а тие ја закажуваат дури наредната недела во среда, на 11 ноември! Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со потписите на една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, веќе побараа таа да заседава уште денес, но, очигледно намерата на опозицијата е што подолго да се политизира, бидејќи тие ја закажуваат расправата за следната среда – рече Стојаноска.

Со комисијата за Финансирање и буџет претседава Сања Лукаревска пратеничка на СДСМ.

– Од неа, но и од нејзините сопартијци во голема мера зависи кога граѓаните ќе добијат јасни и прецизни одговори за случувањата со Алта банка. Ние се согласивме да ги скратиме дел од деловничките процедури на Собранието, за јавноста да добие навремени одговори. Додека од СДСМ се обидуваат само да купат време, за на прес конференции да шират страв и паника за македонскиот финансиски сектор. Ја повикуваме Лукаревска и СДСМ да не ги држат граѓаните во неизвесност и да ја закажат надзорната расправа без одложувања, бидејќи јавноста заслужува одговори – рече Стојаноска.

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top