Хроника

Тажна вест за македонското здравство: Почина истакнатиот хирург и професор Зоран Спировски

Поранешниот директор на Клиниката за торакална хирургија остави неизбришлива трага во медицината

Македонското здравство и медицинската заедница изгубија еден од своите најценети стручњаци – почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и долгогодишен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Веста за неговата смрт ја објави директорот на ФЗО, Сашо Клековски, кој истакна дека професорот Спировски остави неописливо длабока трага во македонското здравство преку својата неуморна посветеност, хуманост и врвна професионалност.

Во текот на својата повеќедецениска кариера, д-р Спировски спаси огромен број човечки животи, а како универзитетски професор несебично го пренесуваше своето знаење, искуство и етички вредности на генерации млади хирурзи.

„Почивај во мир, професоре“, порача Клековски, упатувајќи искрено и длабоко сочувство до семејството, блиските колеги, студентите и сите што го познаваа и почитуваа неговиот лик и дело.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

Јанев од БЈБ за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминал од 2021

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

Во полициската акција во Куманово против група поврзана со лихварство, изнуда и перење пари уапсен Драган Петровски – Штука, осомничен како нејзин организатор

Во претреси на повеќе локации, припадници на специјалните полициски единици и истражители бараа докази поврзани со група за која постојат сомневања дека подолг период дејствувала во Куманово и околината. Неофицијално, групата се поврзува со изнуда, лихварство и перење пари.

To top