Истражителите се сомневаат дека осомничените користеле закани, насилство и уцени за да дојдат до противправна материјална корист. Петровски, според информациите на медиумот, бил осомничен како организатор на групата.
Во текот на полициската акција биле проверувани и локации поврзани со нотарска канцеларија и менувачница, поради сомневања за нивна можна поврзаност со спорните финансиски активности. Неофицијално, при претресите биле пронајдени пари, возила и документација што може да послужи во истрагата.
Акцијата е резултат на подолготрајна оперативна работа на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Засега нема официјални детали колкумина се приведени и осомничени лица, како и за предметите што биле одземени. Се очекува соопштение на надлежните институции за понатамошниот тек на постапката.
„Скопје 1.мк“