Вчера приквечер во селото Кучевиште, Скопско, полициски службеници привеле 37-годишен скопјанец кој превезувал огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт.
Околу 19 часот било запрено патничко возило „сузуки“, управувано од М. К. При проверката било утврдено дека возачот не поседува ниту возачка дозвола, соопштија од МВР.
М.К. е приведен согласно со Законот за шумите и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот била известена и Шумската полиција, која треба да преземе дополнителни мерки.
По насоки на надлежниот јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава согласно со член 297-а од Кривичниот законик.