Хроника

78-годишна двојка од Тетово се сомничи за присвојување стан со фалсификат

Истрагате продолжува …

СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 78 години од Тетово, осомничени за фалсификување исправа и измама.

Според Министерството за внатрешни работи, првопријавениот А.Ј. го изменил договорот за купопродажба на стан, менувајќи ги податоците за купувачот и додавајќи потпис.

Потоа второпријавената Г.Ј. ја зела копијата од преправениот договор и ја заверила кај нотар, по што станот бил префрлен на име на првопријавениот.

Против двајцата е поднесена кривична пријава за делата „фалсификување исправа“ и „измама“.

Најнови вести од: Хроника

To top