Познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, познат под името Бака Прасе, е приведен и според најавата ќе биде задржан 48 часа. Информацијата ја објави неговиот тим преку официјалниот Инстаграм-профил.
Во објавата тимот ја споменува наводната поврзаност со случајот „АЛТА банка“ и наведува дека Илиќ се поврзува со сомневања за перење пари. Тие категорично ги отфрлаат овие тврдења и истакнуваат дека тој не се занимавал со незаконски активности.
Претходно на истиот профил беше објавено дека е приведен, по што веста брзо се рашири низ социјалните мрежи.
Во поранешната објава, потпишана од неговиот тим, стои:
„Богдан – Бака е приведен денеска околу 6 часот наутро. Во моментов не знаеме каде се наоѓа ниту како е. Имаме снимка од камерите на која се гледаат маскирани лица кои упаднале во станот и го одвеле. Засега нема да ја објавиме бидејќи чекаме информации. На прашањето упатено од адвокатот сè уште не добивме одговор.“