Нов бран антивладини протести вчера повторно ги исполни улиците на Тирана. Студентите и приврзаниците на опозицијата гласно побараа оставка од премиерот Еди Рама, додека тензиите во албанската престолнина продолжуваат да растат.
Демонстрациите се одвиваа на две одделни локации. Поддржувачите на опозицијата се собраа пред седиштето на премиерот, додека студентите во 14 часот протестираа пред Министерството за образование.
Полицијата ангажираше околу 1.200 службеници за обезбедување на собирите, а на улиците беа присутни и специјални сили, како и водени топови.
Протестот на Демократската партија беше организиран по повик на нејзиниот лидер Сали Бериша, кој ги повика граѓаните да ја поддржат студентската борба, без оглед на политичката припадност.
Приврзаниците на партијата се упатија од партиското седиште кон владината зграда, а потоа и кон Министерството за образование.
Студентите, пак, претходно се дистанцираа од обидите опозициските политичари да се приклучат на нивните протести, нагласувајќи дека нивното движење треба да остане независно од партиските структури.
Организаторите најавија дека отсега ќе одржуваат национални демонстрации двапати неделно – секоја среда и сабота.
Главното барање останува оставката на Рама, но незадоволството е поврзано и со обвинувањата за корупција, недостигот од работни места и со проблемите во образовниот систем.
Во текот на претходните протести беа регистрирани силни судири со полицијата, оштетувања на објекти и насилни инциденти во центарот на Тирана.
BREAKING: Rioters set fire to streets in Albania as agitators throw rocks and clash with police in the capital city of Tirana.
Another weekend of unrest puts the European nation on edge as anti-government demonstrations intensify. | @foxandfriends
Get the latest updates with the Fox News app. Download here:
https://t.co/SFQoqYePq1— Fox News (@FoxNews) November 7, 2026