Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември 2026 година и оствариле 264.370 ноќевања
Од вкупниот број туристи, 24,9 проценти биле домашни, а 75,1 процент странски туристи. Кај остварените ноќевања, 33,8 проценти биле од домашните, а 66,2 проценти од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти во споредба со истиот период минатата година. Притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти.