Македонија

Облаци, сонце и потопло

Ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец

 

Променливо облачно време со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд, се очекуваат денеска.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Денеска ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h).

Од утре поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

To top