На 15 ноември (недела) стапува на сила законската обврска за поседување зимска опрема во возилата.
Полицијата ќе спроведува сообраќајни контроли, а за возачите кои нема да ги исполнат пропишаните услови предвидена е парична казна од 45 евра (во денарска противвредност).
Обврската за поседување зимска опрема важи до 15 март следната година, без оглед на тоа дали на патиштата има снег или мраз.
Возилата со тежина до 3.500 килограми мора да имаат зимски гуми на сите четири тркала – со длабочина на шарата од најмалку 4 милиметри – или летни гуми со длабочина на шарата од најмалку 4 милиметри, при што задолжително треба да поседуваат и синџири за снег за погонските тркала.
Возилата со погон на сите тркала (4×4) мора да бидат опремени со зимски гуми со длабочина на шарата од најмалку 6 милиметри, или со летни гуми со длабочина на шарата од најмалку 4 милиметри, како и со синџири за снег, кои треба да се постават најмалку на задната оска.
Надлежните апелираат до возачите навреме да ги подготват своите возила, за да не ја загрозат сопствената безбедност или безбедноста на другите учесници во сообраќајот.