Македонија

Тошковски: Ива Михајлова не избегала преку легален граничен премин

Министерот ги отфрли и шпекулациите за можна вмешаност на полициски службеници во нејзиното бегство

Нема податоци дека бегалката Ива Михајлова легално ја напуштила Македонија преку официјален граничен премин. Нејзиното движење не е регистрирано ниту на камерите на безбедносните системи во земјава, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Сител.

Досегашната истрага за бегството на обвинетата од Кочани во Бугарија покажа дека таа во критичниот период не е евидентирана ниту при влез или излез од државата на македонските гранични премини, ниту на камерите на безбедносните системи.

Министерот посочи дека првичните информации кои се добиени и од бугарската гранична полиција се дека нема евиденција за влез или излез на Михаилова од Бугарија во текот на 2026 година.

„Ниту една од камерите и безбедносните системи со кои располагаат македонските институции не го регистрирала нејзиното движење во критичниот временски интервал – од вечерта кога била забележана во локал во Кочани до моментот кога се појавила во медиумите во Бугарија“, вели Точковски..

Министерот ги отфрли и шпекулациите за можна вмешаност на полициски службеници во нејзиното бегство, оценувајќи дека досегашната истрага не покажала нивна одговорност. Според него, Михајлова редовно се пријавувала во термините определени со судска одлука сè до моментот на бегството.

Министерот оцени дека клучното прашање е како таа ја напуштила државата без да биде евидентирана на официјален граничен премин.

Во интервјуто Тошковски упати и критики кон Бугарија, тврдејќи дека таа со години станува заштитник на осомничени и осудени криминалци.

Ива Михаилова последен пат во Македонија била забележана во саботата, на 10 октомври 2026 година, во кафуле во Кочани, а на бугарските медиуми се појави на 12 октомври.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top