Македонија

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги испратила во Брисел предлог-измените на Кривичниот законик и Законот за кривичната постапка, нагласувајќи дека тие ќе се применуваат само за идните случаи, а не ретроактивно.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал и да обезбеди политичка амнестија за поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека лицата за кои постојат сомневања за криминал во периодот на претходната власт и понатаму ќе можат да се повикуваат на поповолниот закон, односно на законските измени донесени во времето на СДСМ и ДУИ.

„Овие измени коишто сега ги носиме се за отсега па натаму. И нема да важат ретроактивно“, нагласи Мицкоски.

Премиерот додаде дека новите законски решенија ќе важат за актуелната и идните влади, доколку тие не одлучат повторно да ги менуваат законите. Тој ги обвини СДСМ и ДУИ дека со претходните измени го ослабнале владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top