Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Потоа, поради сериозноста на повредите, Ј.Р. е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, додека С.Т. е задржан на лекување во Клиничка болница Тетово.

Во врска со настанот, во 3:45 часот ноќеска е уапсен и Ф.Х.(34) од Требош, вработен во казиното, поради сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Статус на апсеник има и едниот од тепачите – В.А. – кој поради влошена здравствена состојба е задржан под полициски надзор во Клиничка болница Тетово.

Утрово во 8:50 часот во Полициската станица Тетово сами се пријавиле А.И., С.И. и Ш.С. и биле задржани за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави, соопшти СВР Тетово.

Најнови вести од: Хроника

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Најнови вести

To top