Бизнис

Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“

Македонија добива нова енергија, нови работни места и нова потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на поставувањето на камен-темелник на нов продажен маркет на „Лидл“, проект кој е важен за македонската економија и за македонските граѓани.

Порача дека со оваа инвестиција, Македонија добива нова енергија, нови работни места и нова потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите.

-Новиот малопродажен објект на „Лидл“ ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со модерен продажен салон од 1.200 квадратни метри и со 57 паркинг места за удобност и достапност на потрошувачите. Ова не се само бројки, тоа е порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар, со визија за долгорочен раст и развој, што впрочем можевте и да го слушнете. Оваа инвестиција се одолговлекуваше и беше заглавена, но токму по изборот на оваа Влада, пред неполни 15 месеци, веднаш се фативме за работа со цел да ги откочиме и ја ставивме меѓу првите приоритети. Затоа сум посебно горд што денес гледаме како една идеја станува реалност. Со тоа ја потврдуваме нашата определба да бидеме Влада која решава проблеми, отстранува пречки и отвора нови можности. Особено ме радува што менаџментот на „Лидл“ ја прифати нашата забелешка за зголемување на застапеноста на домашното производство и македонските производи на полиците на „Лидл“. Тоа е од исклучителна важност – затоа што со тоа не само што се поддржува локалната економија, туку се гради доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро, вели Мицкоски.

Тој сподели уште една добра вест, дека не само на полиците на „Лидл“ во Македонија туку македонски производи се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во околните земји.

-Во 2024 година извозот беше околу 5 милиони евра. Очекуваме оваа година, во разговор неформален со менаџментот на „Лидл“, таа бројка да достигне и 10 милиони евра и со време таа бројка да расте. Тоа треба да биде инспирација, поттик и мотив за македонските претприемачи да ги задоволат стандардите на „Лидл“, да произведуваат според стандардите на „Лидл“, а „Лидл“ сигурно дека ќе даде можност и шанса македонските производи да се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во околните земји и секаде онаму каде што „Лидл“ ќе има потреба од квалитетни македонски производи. Во исто време, ја промовираме кампањата „Македонско – најдобро“ и денес имаме партнер кој е подготвен да ја сподели истата филозофија. Верувам дека токму тоа ќе ја направи разликата – во квалитетот, во пристапноста и во почитта кон домашното производство. Овој проект не е само почеток на изградба на еден обичен објект. Тоа е почеток на едно ново поглавје во малопродажбата, со нови стандарди, со поголема конкуренција и со подобри услови за граѓаните. Ваквите инвестиции носат повеќе избор, пониски цени и повисок квалитет, а тоа е најголемата придобивка за граѓаните, за секој потрошувач. Денес испраќаме силна порака дека сме земја каде што се вреднува трудот, каде што инвестициите се почитувани и каде што перспективата е реална. Ќе продолжиме со вакви политики, затоа што нашата цел е јасна – да изградиме економија која расте, која вработува, која создава можности и која го подобрува секојдневието на граѓаните. Денес градиме нешто повеќе од еден објект – градиме мост на доверба, партнерство и развој. Сигурен сум дека ова е само еден од неколкуте десетици, стотици, илјадници чекори во долгата и успешна приказна на „Лидл“ во Македонија, порача премиерот.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top