Бизнис

Славески од Приштина: Финансиската стабилност мора да остане приоритет во дигиталната ера

Гувернерот посочи дека криптосредствата и дигиталните пари сè повеќе стануваат дел од современиот финансиски систем. Нивниот потенцијал за иновации е значителен, но нивниот развој мора да биде придружен со соодветна регулатива, ефективен надзор и внимателно управување со ризиците.

Гувернерот на Народна банка Трајко Славески учествуваше на Регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, којшто се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем.

Во рамките на панел-дискусијата посветена на политиките и регулативната рамка за криптосредствата и дигиталните пари, со акцент на најзначајните ризици и предизвиците за земјите од регионот, гувернерот Славески се осврна подетално на потенцијалните ризици врз финансиската стабилност и монетарната трансмисија. Гувернерот истовремено истакна дека забрзаниот развој на дигиталните форми на пари отвора значителни можности за унапредување на финансиските услуги, поголема ефикасност на плаќањата и поширока финансиска вклученост. Истовремено, тој нагласи дека овие процеси носат и нови предизвици поврзани со финансиската стабилност, заштитата на потрошувачите, спречувањето перење пари и зачувувањето на монетарниот суверенитет.

  • „Криптопазарот во нашата земја засега е релативно мал и не претставува значителен ризик за финансиската стабилност. Сепак, потребно е воспоставување јасна и современа регулативна рамка, усогласена со европските стандарди, којашто ќе овозможи соодветна заштита на корисниците, правна сигурност и ефикасен надзор над овој сегмент од финансискиот систем“, истакна гувернерот Славески.

На семинарот беше разгледано и влијанието на дигиталните пари врз трансмисијата на монетарната политика, при што посебно внимание им беше посветено на потенцијалните ефекти од воведувањето на дигиталното евро врз малите и отворени економии. Во таа смисла, беше нагласено дека централнобанкарските дигитални валути (CBDC) можат да претставуваат инструмент за зачувување на монетарниот суверенитет и за поддршка на модернизацијата на платните системи.

  • „Народната банка внимателно ги следи меѓународните трендови и регулаторните иницијативи во областа на дигиталните средства и активно ги анализира можностите и влијанијата од евентуалното воведување дигитален денар. Во соработка со меѓународни институции, вклучително и Светската банка, се спроведуваат истражувања за потенцијалната побарувачка и можната улога на дигиталната валута на централната банка во домашниот финансиски екосистем“, истакна Славески.

Гувернерот посочи дека криптосредствата и дигиталните пари сè повеќе стануваат дел од современиот финансиски систем. Нивниот потенцијал за иновации е значителен, но нивниот развој мора да биде придружен со соодветна регулатива, ефективен надзор и внимателно управување со ризиците.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top