Бизнис

Пад на невработеноста – 88.000 луѓе се пријавени во Агенцијата, најголем дел со или без образование

Најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

Последниве години се забележува континуиран тренд на намалување на бројот на невработени, особено ако се земат предвид бројките на Агенцијата за вработување. Од месец во месец, Агенцијата регистрираше се помалку лицата кои се пријавуваат за невработени. Според последните бројки, во јули бројот на невработени изнесувал 88.209, додека пак во категоријата други лица кои бараат работа се пријавиле 41.072 граѓани, објави Фактор. Бројките кои ги објавува Агенцијата покажуваат дека годинава темпото на намалување на невработеноста забрзало во првите месеци од годината, но потоа се случил пресврт и имало нов раст на лицата кои се пријавуваат како невработени.

Па так, два месеци претходно, односно во мај бројот на невработени изнесувал 86.116 лица, додека во категоријата други лица кои бараат работа имало пријавено 41.332лица. Во мај имало најмалку пријавени невработени лица во Агеницијата. Веќе следниот месец, или во јуни нивниот број се зголемил на 88.541 невработени.

  • Од друга страна во април имало 87.621невработени граѓани. Се до мај бројот на невработени континуирано се намалувал. За споредба на почетокот на годината, или во јануари како невработени се пријавиле 90.214 граѓани.

Најголем дел од невработените граѓани се во главниот град. Имено, во Скопје како невработени се пријавени 20.785граѓани. Со високи бројки на невработени граѓани се бори и Тетово каде имало 11.319 невработени граѓани. По бројот на невработени граѓани следен на листата е Куманово каде се пријавиле точно 8.802 невработени лица. Следен град со повисока невработеност е Гостивар, каде бројката достигнува 6.235 лица, а потоа е Прилеп каде што како невработени се пријавиле  5.308 граѓани.

Податоците на АВРМ покажуваат оти најголем дел од невработените се на возраст од 55 до 59 години. Побројна група на невработени се и граѓаните на возраст од 50 до 54 години. Она што зачудува во податоците на Агенцијата е фактот дека во секое пребројување меѓу невработените се јавуваат и доктори на науки – 27 лица, како и магистри – 664 невработени. Ова покажува дека не е доволно само да се стекне високо образование, туку и во која област се надградуваат граѓаните.

Сепак, најголем група на невработени се лицата без образование, или само со основно образование. Тие достигнуваат дури до 50.426 од вкупниот број на пријавени граѓани кои се невработени.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top