Бизнис

Отворено писмо од ССМ за протест на 28 јануари за покачување на минималната и сите плати

„28 јануари е ден кога работниците ќе го подигнат гласот! Овој протест не е за тоа дали имате време или не. Не е ниту за оние што сметаат дека времето е неповољно – не е важно дали е темно, ладно или дали ќе врне“, се потенцира во повикот. Овој протест е за вашата плата, која не стигнува на време, и ако некој треба да протестира за тоа, тоа сте вие. Сите ние, во солидарност, стоиме заедно.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на социјалните мрежи упати отворено писмо до јавноста преку кое повикува на масовно присуство на протестот за поголеми плати закажан за 28 јануари. Според него, овој протест не е за „ако имаш време“ па ќе дојдеш, не е ниту за ,,чекај сега, кај најдоа да протестираат во 17 ч., ќе биде темно и ладно, може и ќе врне, може друг ќе протестира па ќе завршат работа”.

  • „Овој протест е затоа што те потценуваат и понижуваат и газдите и властите, затоа што на едните им е важно за ниски плати да им го стварате капиталот, а на другите им е важно со ниски плати да ги гласате за да Ве владеат, да владеат сиромашен народ, но послушен народ, затоа што ако имате пристојна плата и пристојна работа нема да мислите ниту на едните ниту на другите. Овој протест е за сите вас, за Вашите деца, за Вашите внуци за тоа што со мизерни плати некој свесно Ве брка и Ви ги брка од Државата. Овој протест е против неправдата, против неправдата тие да имаат, а вие да немате, неправдата која значи 250 евра зголемени плати за нив и 78 % зголемени плати на нив (избраните и именуваните), 250 евра зголемена плата на истите тие на кои Вие им ја давате моќта и платата, а тие не водат грижа за Вас и Вашите семејства. Овој протест е затоа што сакаат да ве заменат со ефтина работна сила од странство, а вие да ги гласате. Овој протест е против газдите, против истите тие кои одбиваат да Ви ја зголемат платата за да не се откажат од добивката и луксузот кој им го овозможувате со вашиот труд и вашата пот, против газдите кои не само што ги избркаа квалификуваните работници од Македонија, туку избркаа цели семејства“ пишува тој.

Меѓу другите причини Трендафилов наведува и дека пртестот е потребен затоа што власта не планира зголемувања на минималната плата, ниту пак покачување на платите во јавниот сектор.

  • „Овој протест е и затоа што не ги почитуваат колективните договори и не исплаќаат плата согласно истите за да не им се зголемеле многу платите на работниците, па сте приморани да тужите. Овој протест е затоа што тие сметаат дека Вас не ви е потребно зголемување на Вашата плата, затоа што не барате, затоа што ако не барате, тие мислат дека Ви е доста. Овој протест е за сите кои се плашат, им се закануваат и ги омаловажуваат затоа што сами не можат да се изборат против своите работодавачи за зголемување на нивната плата. Овој протест е дури и за оние кои не напаѓаат, а не се функционери, затоа што со нашата борба и тие ќе добијат зголемена плата и зголемена пензија. Овој протест е затоа што господата (Власта и Газдите) ви личат многу големи, а Ви личат големи затоа што им клечите, станете со нас и ќе видите всушност колку се тие ситни и мали. Ова не е покана за протест, секој сам треба да се покани, секој сам треба да го покани своето семејство, своите колешки и колеги, затоа што со седење дома давате аргументи и сила на тие што одбиваат да Ви ја зголемат платата. Јас и луѓето што ги знам ќе бидеме таму, доколку и ти и луѓето што ги знаеш дојдете, треба да знаеш дека сами може не можеме да промениме многу, но заедно можеме да промениме се !“ стои во обраќањето.

Тој потсети и на барањето на ССМ за големување на работничките плати за најмалку 6.000 денари преку зголемување на минималната плата на 600 евра.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

To top