Бизнис

Дурмиши: Владата го штити стандардот, инфлацијата падна на 2,6 проценти

Министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничко прашање од Јованка Тренчевска (СДСМ), истакна дека Владата презема активни мерки за заштита на животниот стандард, што резултираше со намалување на инфлацијата на 2,6%.

Министерот за економија Бесар Дурмиши, одговарајќи на прашање на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ рече дека Владата презела мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и оти инфлацијата во земјава е пониска во споредба со дел од земјите членки на Европската Унија. Тој кажа дека во периодот на претходната власт, инфлацијата достигнала 16 проценти, додека сега, како што рече, се бележи пониска стапка од 2, 6 проценти, за која потенцираше е пониска од некои земји, членки на ЕУ. Тој кажа дека не ги зголемиле платите на функционерите, а „ако тие биле во Владата ќе ги зголемиле платите за 100 проценти“.

  • Ние имаме помала инфлација од еврозоната. Има земји од ЕУ кои имаа поголема инфалција, а во ваше време беше 16 проценти. Презедовме мерки, не бевме пасивни, преземавме мерки за да ја задржиме стабилноста и да го заштитиме стандардот на граѓаните. Кога слушаме политички говори, треба да ги споредиме бројките со реалноста. Треба да се потпираме на факти и аргументи- рече Дурмиши.

Тој рече дека на поетокот на учебната године преземени се мерки за поддршка на семејствата со ученици. Во однос на минималната плата, министерот кажа дека постои формула која ја договорила претходната власт и договорот/ формулата е постигнат со синдикатите и работодавачите, кој Владата го почитува. Тој рече дека минималната плата е 26.000 денари и две години по ред се зголемува, како и стандардот. Дурмиши рече дека целта на Владата е платите да продолжат да растат, но зголемувањата да бидат реални и одржливи и да се темелат на економските параметри.

  • Да бидеме точни, ние како Влада велиме, да граѓаните имаат трошоци, имаат за производите кои ги купуваат. Но, во спротивност од она што вие го прокламирате, не е на тоа ниво како што велите. Знаеме дека стандардот на граѓаните треба да се подигне, работиме за повисок стандард. Политичката реторика треба да се замени со аргументи. Нашиот став е јасен, сакаме да продолжи зголемувањето на платите и да бидат одржливи но тоа ќе се прави согласно економските параметри. Целта е да имаме подобар стандард и поголема куповна моќ на граѓаните- рече Дурмиши.

Тој и порача на Тренчевска дека политичката реторика треба да биде заменета со аргументи и статистика и дека подобрувањето на животниот стандард треба да се почувствува и „во џебот на граѓаните“. Тренчевска ја критикуваше Владата за непреземни мерки за јакнење на стандардот и кажа дека е потребна повисока плата.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top