Бизнис

Еврото зајакнува, доларот паѓа: Пазарите реагираат на кризата САД-Кина

На глобалните финансиски пазари, американскиот долар минатата недела забележа благ пад во однос на кошницата од главни светски валути, под влијание на ескалацијата на трговската војна меѓу Соединетите Американски Држави и Кина, како и поради очекувањата дека американската централна банка (Фед) ќе продолжи со намалување на каматните стапки.

На глобалните финансиски пазари, американскиот долар минатата недела забележа благ пад во однос на кошницата од главни светски валути, под влијание на ескалацијата на трговската војна меѓу Соединетите Американски Држави и Кина, како и поради очекувањата дека американската централна банка (Фед) ќе продолжи со намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шест клучни светски валути, минатата недела се намали за 0,3 проценти, достигнувајќи ниво од 98,54 поени.

Во однос на европската валута, доларот исто така ослабе за 0,3 проценти, што го доведе курсот на еврото до 1,1655 долари. Сличен тренд беше забележан и во однос на јапонскиот јен, каде што американската валута загуби 0,4 проценти од својата вредност, па цената на доларот падна на 150,60 јени.

Притисокот врз доларот започна пред околу десет дена, кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека од 1 ноември ќе воведе царини од 100 проценти за увозот од Кина, како и други рестриктивни мерки. Овие закани дојдоа како одговор на одлуката на Кина да го ограничи извозот на ретки минерали, кои се клучни за глобалните индустрии. Пекинг, од своја страна, вети дека ќе преземе контрамерки доколку Трамп ги спроведе своите планови, иако во последните денови тој ја ублажи својата реторика, што донекаде ги смири пазарите.

Покрај трговските тензии, доларот е под дополнителен притисок поради знаци на слабости во американските регионални банки, што предизвика загриженост кај инвеститорите. Истовремено, очекувањата дека Федералните резерви ќе продолжат со намалување на каматните стапки дополнително ја ослабуваат американската валута. По намалувањето на каматните стапки во септември, пазарните аналитичари предвидуваат дека Фед ќе ги намали стапките за дополнителни 0,25 процентни поени уште двапати до крајот на 2025 година, делумно поради слабостите на американскиот пазар на труд.

Ова намалување на каматните стапки во САД ќе ја стесни разликата во однос на каматните стапки во еврозоната, каде што Европската централна банка (ЕЦБ) во изминатата година спроведе поагресивни намалувања на стапките во споредба со Фед. Ова создава услови за релативна стабилизација на еврото, кое минатата недела доби дополнителна поддршка поради делумното смирување на политичката криза во Франција, предизвикана од неодамнешната неочекувана оставка на тамошната влада.

Најнови вести од: Бизнис

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

Македонија се подготвува за енергетска транзиција: Регулативата е веќе дефинирана, а ЕВН досега инвестираше 850 милиони евра

Во земјава дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, како и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“ – традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци.

Инфлацијата повторно ја тресе Европа, во повеќе држави цените пораснале над 5%

Додека Европа повторно се соочува со забрзување на инфлацијата, а во шест земји од еврозоната годишното поскапување достигнува или надминува пет проценти, македонската статистика на прв поглед дава сосема поинаква слика – инфлација од нула проценти. Но дали тоа значи дека цените во Македонија престанале да растат или дека зад една статистичка бројка се крие многу посложена економска реалност?

Нешто посебно, нешто вкусно: Нови медитерански вкусови во Веро

Веро продолжува да го развива својот асортиман со производи кои внесуваат нови вкусови во секојдневната исхрана и им овозможуваат на потрошувачите да пробаат нешто поинакво од она што вообичаено се наоѓа на домашниот пазар.

To top