Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Регулаторна ги објави новите цени на горивата – и цените на бензините и дизелот се безмалку израмнети.

Нови цени на горивата. Тие се намалуваат во просек за 1.06%, а Владата ја продолжи мерката за намалување на ДДВ кај дизелот и намалување на акцизите кај бензините. Па така, бензинските пумпи во земјава ќе точат горива по новите цени што ги утврди Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, просечните цени на нафтените деривати се намалуваат за 1,06 % во однос на претходната одлука.

Еуросупер БС-95 ќе се продава за најмногу 100 денари за литар, што е зголемување од еден денар, додека еуросупер БС-98 ќе поскапи на 102 денари. Кај дизелот, пак, ќе има значително намалување. Еуродизел БС ќе поевтини за 4,50 денари, благодарение на тоа што Владата ја продолжи намалената стапка на ДДВ за дизелот од 10 % и истата ќе важи до 12 октомври. Истовремено, акцизата за бензините и дизелот е намалена за четири денари по литар. Така, од ноќеска на полноќ, максималната цена на дизелот ќе изнесува 100 денари за литар. Екстра лесното масло ќе поевтини за три денари и чини 111,50 денари, додека мазутот ќе се продава за 49,882 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека новите цени се максимални, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и пониско. Во меѓувреме, светските пазари бележат ново зголемување на цената на суровата нафта.

Нафтата „Брент“ се искачи на 107,75 долари за барел, додека американската WTI достигна 94,55 долари. Поскапувањето се поврзува со зголемената неизвесност околу конфликтот на Блискиот Исток и состојбата со транспортот низ Хормускиот Проток. Растот на цената доаѓа во услови на зголемена неизвесност околу развојот на конфликтот на Блискиот Исток и иднината на поморскиот сообраќај низ Хормускиот Проток – еден од клучните светски енергетски коридори.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top