Бизнис

Финска и Шведска во врвот според невработеноста во ЕУ!

Неславен лидер во рамките на Унијата е Шпанија со 10,4 отсто невработени, пред Финска со 10,1 отсто и Шведска со 9 отсто

Од долгогодишен синоним за благосостојба, Финска и Шведска се претворија во земји со најголема невработеност во Европската унија по неславниот лидер Шпанија, покажуваат податоците на Евростат.

Во ноември 2025 година стапката на невработеност во Финска достигнала 10,1 проценти, со што скандинавската земја е втора во ЕУ, зад Шпанија со 10,4 отсто, а Шведска е трета со 9 отсто.

Најмала стапка на невработеност е регистрирана во Малта од 3,1 проценти, а веднаш зад неа се Полска и Чешка со по 3,2 отсто невработени.

Евростат проценува дека во ноември 2025 година, 13,225 милиони луѓе биле невработени во ЕУ, од кои 10,937 милиони во Еврозоната.

 

Најнови вести од: Бизнис

АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити

Од првите штедни навики кај најмладите до конкретните можности за штедење на граѓаните, АЛТА банка продолжува да ја поддржува културата на штедење како важен дел од финансиската сигурност и стабилност.

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

To top