Бизнис

(Фото): Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови во Ресен, Охрид и Кичево

Голем интерес има за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, а минатата недела се пристигнати над 2.800 апликации, информираат од Министерството за економија и труд.

Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации.

Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“.

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Мерката „Самовработување – Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант  до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.

Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk. Јавните повици траат до 3 јули 2026 година.

 

Најнови вести од: Бизнис

Прво пенливо вино од линијата „Луда Мара“ на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена

Винарската визба „Тиквеш“ го лансираше на пазарот Luda Mara Sparkling – првото пенливо вино во линијата Luda Mara. Неговиот современ визуелен идентитет е креиран во соработка со реномираното шпанско дизајнерско студио Girafa, со цел автентичното потекло на виното да биде претставено преку препознатлив дизајн со кој може рамноправно да застане на винските полици на развиените светски пазари. Од „Тиквеш“ посочуваат дека новото пенливо вино е пример како локалното потекло и традиционалното винарско знаење можат да се поврзат со современите светски трендови, при што очекуваат значителен интерес кај потрошувачите.

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

To top