Бизнис Регион

Грција злоупотребувала европски пари од земјоделски субвенции, Европската комисија ѝ изрече милионска глоба

Истрагата почна. Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година, јавува весникот „Катимерини“. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај […]

Истрагата почна. Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година, јавува весникот „Катимерини“. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај по голем корупциски скандал.

Грчка агенција одговорна за распределба на субвенциите од ЕУ на грчките земјоделци е под истрага на властите на Европската Унија, за наводна измама од повеќе милиони евра, во која средствата резервирани за земјоделски субвенции биле насочувани кон лица кои не се земјоделци, објавија грчки весници.

ЕК во образложението наведува дека Грција го прекршила европското законодавство поврзано со финансирањето на Заедничката земјоделска политика. Според Комисијата, проблемот е системски и со години немало соодветен надзор и функционирање на системот за управување со субвенциите.

Со таканаречена „хоризонтална корекција“, Европската комисија го намалила износот на идните субвенции за Грција за 5 проценти, а дополнително изрекла казна од 10 проценти за средствата исплатени во 2018, 2019 и 2020 година за поддршка на млади фармери. Најголемите санкции се однесуваат на субвенциите за земјоделско земјиште во 2021 и 2022 година – соодветно 79 милиони и 76 милиони евра. Весникот наведува дека најверојатно казната ќе биде платена од државниот буџет, бидејќи алтернативно би морале да се намалат субвенциите за земјоделците, што би било политички неприфатливо.

Во 2025 година се очекуваше Грција да добие околу 1,9 милијарди евра директни субвенции од ЕУ, но сега тој износ ќе се намали за 392 милиони евра поради неправилните исплати.

Извори од земјоделскиот сектор за весникот изјавиле дека ова е само почеток и дека следуваат нови санкции. Во март годинава, Судот на ЕУ ја одби жалбата на Грција на претходна одлука на ЕК и ја задолжи да ги покрие и судските трошоци.

Скандалот избувна кога Европското обвинителство отвори истрага против 100 лица во Грција. Според „Политико“, осомничените давале лажни изјави за поседување или користење пасишта и за земјоделски активности што не ги спроведувале, со што добивале незаконски субвенции.

На 19 мај, обвинители од Европското обвинителство, придружувани од 20 припадници на одделот за борба против корупција на грчката полиција, се обиделе да извршат претрес во седиштето на ОПЕКЕПЕ, но се соочиле со опструкции од страна на вработените. По скандалот, грчката Влада го разреши претседателот на агенцијата, а нејзините надлежности ги пренесе на Независната агенција за јавни приходи.

Најнови вести од: Бизнис Регион

(Видео): Рекордна реализација на капиталните инвестиции до сега

Паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

To top