Бизнис

Грин Машинс на саемот „ECOMONDO 2025“ во Римини

Електричните модели претставени под мотото „Green force“

Грин Машинс учествуваше на саемот во Италија  ECOMONDO 2025, водечкиот италијански настан посветен на зелени технологии, рециклирање и одржлив урбан развој.

На штандот беа изложени целата палета електрични комунални возила на Грин Машинс, вклучувајќи најсовремени решенија за урбано чистење, компактни машини за тесни градски зони, високо продуктивни sweepers со нулта емисија, како и нови технолошки надградби кои нудат пониска бучава, пониски оперативни трошоци и целосно „зелено” работење.

Тимот на  Грин Машинс на ECOMONDO одржа низа состаноци со партнери, дилери и големи комунални оператори од цела Италија и Европа. Беа презентирани најновите подобрувања во батериската технологија, автономните функции и паметните системи за управување со комунални возила.

Оваа година, штандот на Грин Машинс беше брендиран со мотото „GREEN FORCE”, кое привлече внимание од посетителите и придонесе за силна видливост и препознатливост на брендот во рамките на саемот.

Успешното учество ја потврдува стратегијата на Green Machines да го зајакне своето присуство на европскиот пазар, со посебен акцент на земјите кои активно инвестираат во декарбонизација и современи еколошки решенија за урбано чистење.

Green Machines продолжува со демонстрации, обуки и теренски презентации низ Европа во текот на 2025 година, со цел да ги поддржи градовите и операторите во транзицијата кон поодржлива и поефикасна урбана инфраструктура.

Најнови вести од: Бизнис

Ќе има ли поевтинување на храната по Велигден?!

По Велигден, прашањето кое се поставува е дали ќе има поевтинување на храната или цените ќе продолжат да растат. Владата најави мерки за утре, но засега без конкретни детали. Во изминатите денови, цените на дел од прехранбените производи покажуваат раст, додека очекувањата кај граѓаните се дека по празниците ќе следи стабилизација.

Нов скок на цената на нафтата по целосната поморска блокада на Иран

Цената на нафтата забележа значително зголемување во почетната фаза на тргување, откако Соединетите Американски Држави објавија дека од денеска стапува на сила целосна забрана за пристап до иранските пристаништа.

Под лупа над 800 продажни места, Инспекцијата со полни раце работа – Кој се го прекршил законот в очи празниците?!

Мицкоски најави дека на следната владина седница ќе го имаат извештајот и компаративната анализа и ќе резгираат врз основа на неа. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ за бензините и дизел од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која Регулаторната комисија за енергетика може да постапува.

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

To top