Бизнис

„Гунвор“ ќе биде нов сопственик на бензиските пумпи „Лукоил“ во Македонија

„Гунвор“ потврди дека е во преговори со „Лукоил“ за евентуално преземање на неговите странски средства. „Гунвор“ е мултинационална компанија со седиште во Кипар, основана во 2000 од рускиот олигарх Генади Тимченко и шведскиот милијардер Торбјерн Тернквист. Таа е четвриот најголем трговец со сурова нафта на светот.

„Лукоил“ објави дека ќе ги продаде неговите странски имоти на глобалниот трговец со енергенси „Гунвор“, на што се реши откако Доналд Трамп воведе санкции за вториот по големина руски производител на нафта поради војната во Украина. Продажбата на средствата е најзначајната акција што руската компанија ја презема поради западните санкции.

„Лукоил“ соопшти дека прифатил понуда од „Гунвор“ за продажба на „Лукоил интернешнал“, кој ги контролира странските имоти на нафтениот гигант.

  • „Клучните услови на трансакцијата се претходно договорени од двете страни. ‘Лукоил‘ ја прифати понудата, обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, соопшти „Лукоил“.

„Гунвор“ е мултинационална компанија со седиште во Кипар, основана во 2000 од рускиот олигарх Генади Тимченко и шведскиот милијардер Торбјерн Тернквист. Таа е четвриот најголем трговец со сурова нафта на светот.

На 22 октомври, Трамп воведе санкции за руските државни нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ поради одбивањето на Владимир Путин да ја заврши војната во Украина, една недела откако ваква одлука донесе и Велика Британија.

„Лукоил“ учествува во светското производство на нафта со 2%. Ги поседува најголемата балканска нафтена рафинерија „Лукоил Нефтохим“ во Бургас и рафинеријата „Петротел“ во Романија, ги снабдува со нафта Словачка, Унгарија и турската рафинерија „СТАР“ и има удели во нафтени терминали и малопродажни синџири за гориво во Европа и разни проекти за производство на нафта и гас во Централна Азија, Африка и Латинска Америка.

Најнови вести од: Бизнис

Поради зголемената неизвесност на Блискиот Исток: Народна банка реши каматна стапка да остане непроменета

Народната банка нагласува дека надворешните ризици се особено изразени поради неизвесноста околу интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток.

Просечната плата во јануари 46.617 денари, кои работници се најплатени во моментов?!

Најниски плати имаат вработените во секторот производство на кожа и кожни производи со 29.670 денари, производство на облека со 29.791 денар и рибарство и аквакултура со 29.794 денари, при што овие примања се неколкукратно пониски од највисоките во земјава.

Спречивме поскапување на горивата, велат од Министерството за енергетика

Според надлежните, Македонија во моментов останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, а приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните и стабилноста на економијата.

Најнови вести

To top