Бизнис

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Делегација предводена од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат оваа седмица во Бангкок, Тајланд. Во составот на делегацијата на Народната банка се и вицегувернерката Ана Митреска и советничката на гувернерот Весна Стојчевска. Во рамките на Годишните средби, делегацијата ќе одржи состаноци со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски институции.

Исто така, гувернерот Славески ќе има свое обраќање на настанот од високo ниво, посветен на Регионалниот економски преглед за Европа (EUR Regional Economic Outlook Dinner), во кое ќе се осврне на клучните предизвици и можности за забрзување на економскиот раст, зголемување на продуктивноста и побрза конвергенција на земјите од регионот кон Европската Унија.

Натамошното унапредување на соработката со ММФ во повеќе области од значење за монетарната политика и статистичките функции на централната банка, ќе бидат во фокусот на предвидените работни средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај.  Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерот, ќе оствари средби и со претставниците на одделите за статистика, за правни работи и за монетарните и капиталните пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на кои ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Ќе бидат остварени средби и со потпретседателката на Светската банка, Антонела Басани, и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат, при што ќе се разговара за тековните активности и идните чекори за модернизација на платните системи, дигитализација на плаќањата и натамошно усогласување на националната регулатива со европската рамка.

Посебен акцент ќе биде ставен на проектот за воспоставување национален систем за инстант плаќања, заснован на моделот на системот ТИПС (TIPS) на Евросистемот. На средбата ќе бидат разгледани и активностите за унапредување на прифаќањето електронски плаќања, подготовката на национален стандард за QR-код за плаќања, натамошно усогласување на националната регулатива со законодавството на Европската Унија, како и зајакнувањето на надзорот и сајбер-безбедноста на платните системи.

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top