Бизнис

Инфлацијата во надолна линија, но цените на мало пораснале за 2,8%

Најголем раст на цените во октомври годинава во однос на октомври лани има кај индустриско прехранбените производи од 7,5% и прехранбените производи од 6,7%. Цените на земјоделските производи за една година пораснале за 4,3% а на пијалаците за 1,4%.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на истиот месец лани бележи раст од 4,5 %, а цените на мало пораснале за 2,8 %, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата во октомври е резултат на зголемување на трошоците за живот кај храната за 7%, кај алкохолот и тутунот за 6,7%, мебелот и покуќнината за 4,7%.

Најголем раст на цените во октомври годинава во однос на октомври лани има кај индустриско прехранбените производи од 7,5% и прехранбените производи од 6,7%. Цените на земјоделските производи за една година пораснале за 4,3% а на пијалаците за 1,4%.

Податоците за месечната инфлација покажуваат дека инфлацијата е намалена за 0,2% во однос на инфлацијата во септември, а цените на мало се зголемиле за 1,3%.

Намалувањето на инфлацијата во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 6,1%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3%, Образование и Рекреација и култура за 0,1%.

Во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Облека и обувки за 1,2%, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,3%, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели за 0,2 % и Здравје за 0,1%.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top