Бизнис

Извозот зголемен за 5,7 отсто, а увозот за 5,9

Трговската размена во пораст

Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи раст од 5,70 отсто, додека вредноста на увезената стока е 306 513.7 милиони денари, што претставува зголемување за 5,91 процент.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – мај 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50.4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.2 % во вкупната размена. (МИА)

Најнови вести од: Бизнис

Европската бизнис-асоцијација ги поврза студентите со бизнис-приказните – Глобална недела на претприемништвото

Студенти од економските факултети при УКИМ, УГД и ЈИЕУ имаа можност да разговараат со претставници на компании од различни сектори за препознавањето на потребите на пазарот, започнувањето сопствен бизнис и вештините потребни за негов развој.

(Фото): Николоски во Виена повика на регионална соработка и поврзување

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17. издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

Фестивалот е и многу повеќе од прослава на младото вино, тој е прослава на луѓето, заедништвото, љубовта и вербата во иднината. Токму тие вредности се во сржта на филозофијата на „Тиквеш“, компанија која ја надградува својата богата традиција со знаење, иновации и современи пристапи, останувајќи посветена на создавањето вина и искуства што ги поврзуваат луѓето.

ЕВН вработува инженери, огласот е отворен до 23 ноември

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено средно електротехничко образование – IV степен, насока енергетика. Дополнителни квалификации за работа под напон, положен стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки, како и познавање компјутерски вештини ќе се сметаат за предност.

To top