Бизнис

Како конфликтот со Иран ќе влијае врз автомобилската индустрија?!

Нападите на САД и Израел врз Иран предизвикаа нагло зголемување на цените на нафтата, а аналитичарите предупредуваат дека долготрајната нестабилност на Средниот Исток може да изврши дополнителен притисок врз снабдувањето и да ги зголеми трошоците на производителите и на купувачите.

Откако започна воената офанзива на 28-ми февруари, запре транспортот преку Ормускиот Теснец и тоа предизвика раст на цените. Секој ден преку теснецот се превезуваат околу 20 миллиони барели сурова нафта, проценуваат Аликс Партнерс. Теснецот што ги поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив и со Индискиот Океан, претставува важен поморски пат и за голема количина на течен природен гас, алуминиум, суровини за челик и за пластични материјали, како етилен, полиетилен и полипропилен.

Неговото долготрајно затворање би ги парализирало синџирите за снабдување со делови на фабиките за автомобили, посебно тие во Азија и во Европа. Но, поскапувањето на нафтата може да го загрози бизнисот на производителите на автомобили и нивните добавувачи во САД, како и да влијае врз продажбата, откако индустријата почна да се враќа на возила со бензински мотори.

„Нестабилноста во регионот несомнено ќе повлече лавина од последици, коишто тешко се предвидуваат. Тоа ќе биде уште еден удар врз автомобилските компании и уште еден проблем што ќе ги загрижува,“ изјави за Аутомотив Њуз, Ден Херш, глобален директор за автомобилска и индустриска практика во Аликс Партнерс. „Тоа секако ги зголемува ризиците и мора да се размислува за пренасочување на сé што треба да мине низ тој дел од светот, првенствено поради претпазливост.“

Неколку компании за поморски транспорт на контејнери ги прекинаа своите операции низ теснецот, јави Си-Ен-Би-Си.

Иранската револуционерна гарда соопшти на 2-ти март дека нафтен танкер гори во теснецот, откако бил погоден од два дрона. Тие потоа прогласија дека теснецот е затворен и дека ќе отворат оган врз секој брод што ќе се обиде да мине низ теснецот, пренесе Ројтерс.

Цената на нафтата на 2-ри март порасна за близу 7 проценти, за кусо да достигне 82 долари по барел, пред таа да се стабилизира на околу 78 долари. Некои аналитичари предвидуваат дека цените можат да надминат 100 долари по барел, доколку конфликтот продолжи во текот на целиот месец.

Претседателот Доналд Трамп кажа дека нападите би траеле најмалку четири до пет недели и на 2-ти март напомена дека САД имаат „способност да издржат многу подолго.“

Автомобилската индустрија будно ја следи ситуацијата.

„Групацијата Фолксваген е мошне загрижена околу ситуацијата во регионот,“ изјави претставник на компанијата, додавајќи дека се врши постојана процена на можните последици врз нејзините операции, и дека „врвен приоритет се става на безбедноста на вработените во регионот.“

Производителот на автомобили во моментов не гледа последици врз производството и не врши комерцијален бизнис во Иран.

Волво исто така не трпи последици, изјави претставник на компанијата.

Поморскиот транспорт е веројатно само мал дел од проблемот, кажа Херш.

„Доколку воените акции се прошират по целиот регион, тоа ќе предизвика последици врз производството на нафта,“ кажува Херш. „Може да се очекува цената на нафтата да порасне нагло и да продолжи да расте.“

Секој напад од Иран или проширувањето на конфликтот во Црвеното Море или Суецкиот Канал ќе предизвика „значително нарушување“ на трговијата, додава Херш.

Дејвид Вистон, аналитичар за акции при Морнингстар, изјави за Аутомотив Њуз дека нарушувањата врз транспортот на нафта и врз автомобилските компоненти од регионот ќе извршат дополнителен притисок врз индустријата, којашто веќе се соочува со криза, оневозможена да им понуди подостапни цени на купувачите.

„Тоа само ја зголемува инфлацијата за производството на возила, коешто веќе се соочува со притисок од царините,“ објаснува експертот.

Вистон е загрижен дека тоа може да има пошироки последици врз економијата и опасност од запаѓање во рецесија.

Доколку продолжи војната, се поставува прашање дали тоа ќе ги присили компаниите во САД да ги замрзнат трошоците, што понатаму ќе води кон забавување, а во краен случај рецесија и отпуштања“, предвидува Херш.

Најнови вести од: Бизнис

Под лупа над 800 продажни места, Инспекцијата со полни раце работа – Кој се го прекршил законот в очи празниците?!

Мицкоски најави дека на следната владина седница ќе го имаат извештајот и компаративната анализа и ќе резгираат врз основа на неа. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ за бензините и дизел од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која Регулаторната комисија за енергетика може да постапува.

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top