Бизнис

Каматните стапки остануваат непроменети

Народната банка на Република Северна Македонија (НБРМ) на вчерашната седница на Извршниот одбор за монетарна политика одлучи да ги задржи каматните стапки на постоечките нивоа.

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) на вчерашната седница на Извршниот одбор за монетарна политика одлучи да ги задржи каматните стапки на постоечките нивоа. Каматната стапка на благајничките записи останува на 5,35 проценти, додека каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена се задржуваат на 3,95 проценти, односно 4 проценти. Понудата на благајничките записи на редовната аукција исто така останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

„Со ваквата одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, во согласност со економските услови и ризиците коишто произлегуваат од домашното и надворешното окружување. Овој пристап на монетарната политика е поддржан и со неодамнешните промени кај задолжителната резерва, затегнувањето на макропрудентните мерки во делот на критериумите на кредитната побарувачка, како и со зголемувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот за дополнителни 0,25 процентни поени. Комбинацијата на овие мерки е насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс, како и кон заштита од можни идни системски ризици“, соопшти НБРМ.

Според НБРМ, инфлацијата во август 2025 година останува над проектираното ниво, што налага продолжување на внимателниот пристап во монетарната политика.

„Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани во надолна насока, што укажува на помали увозни ценовни притисоци во споредба со очекувањата. И покрај тоа, сѐ уште постои неизвесност околу идните движења на светските цени на примарните производи поради геополитичките тензии и климатските промени. Оттука, ризиците за идната динамика на инфлацијата и натаму постојат, а се поврзани и со натамошната неизвесност од променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз побарувачката“, се вели во соопштението.

Девизниот пазар се оценува како стабилен, со девизни резерви на ниво од 4.754,4 милиони евра на крајот на август 2025 година. Економската активност во вториот квартал од годината забележа раст од 3,4 проценти на годишна основа, што е малку повисоко од проекциите од априлскиот циклус. Сепак, светската економска и геополитичка неизвесност, особено поради трговските тензии, останува главен надворешен ризик за македонската економија.

Во монетарниот сектор, НБРМ забележува солидна кредитна поддршка на економијата, над очекувањата. Во јули 2025 година, депозитите и кредитите остварија повисоки стапки на раст во споредба со априлските проекции, што укажува на силна економска динамика.

НБРМ продолжува да ја следи состојбата и да применува мерки за зачувување на стабилноста, притоа внимавајќи на потенцијалните ризици од домашни и глобални фактори.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top