Бизнис

Кој се ќе плаќа царина за пратките од „Тему“, „Шеин“ или „Али Експрес“?!

По усвојувањето на измените жителите на ЕУ за секоја нарачка од кинеските сајтови за електронска трговија Тему, Шеин или Али Експрес ќе мора да плаќаат царини согласно утврдените царински давачки што важат за сите стоки што се увезуваат во Унијата.

Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницира измена на Регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правилото за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра. Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука би требало да биде усвоена „што е можно побрзо“ за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година.

Тоа во пракса ќе значи дека по усвојувањето на измените жителите на ЕУ за секоја нарачка од кинеските сајтови за електронска трговија Тему, Шеин или Али Експрес ќе мора да плаќаат царини согласно утврдените царински давачки што важат за сите стоки што се увезуваат во Унијата.

Сега за пакети на производи во вкупна вредност до 150 евра нарачани преку кинеските онлајн продавници, жителите на ЕУ не плаќаат царини.

Првично беше предвидено ова правило да биде укинато по стапувањето во функција на Царинскиот центар на ЕУ. Станува збор централизирана платформа на ЕУ за интеракција на царинските управи на земјите членки и за зајакнување на контролите на увозот на стоки, која се очекува да стане оперативна во 2028 година во рамки на пошироката реформа на Царинската рамка на ЕУ.

Во образложението на Советот за предлагање на измените на правилото за наплата на царини се наведува дека на овој начин ЕУ има за цел да создаде „еднакви услови“ за работа помеѓу странските и европските онлајн трговци на мало.

Според податоците на Европската комисија, во 2024 година 65% од 4,6 милијарди пратки што влегле во ЕУ биле ослободени од царински давачки, при што дури 91% од нив биле на стоки од Кина нарачани преку сајтовите за е-трговија.

Европските трговци тврдат дека ваквата практика им создава проблем со нелојалната конкуренција, а дополнително покренува и загриженост за заштитата на животната средина.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top