Бизнис Хроника Регион

Лажно се претставувала како банкарка и проневерила 1,5 милиони евра

Педесет и една годишна жена од Хрватска е осомничена за сложена и долготрајна измама во која, според информациите од хрватската полиција, оштетила повеќе лица за вкупна сума од 1,5 милиони евра. Случајот, кој се развивал речиси една деценија, хрватските медиуми веќе го нарекуваат „измама на векот“. Осомничената, која во одреден период навистина била вработена во […]

Педесет и една годишна жена од Хрватска е осомничена за сложена и долготрајна измама во која, според информациите од хрватската полиција, оштетила повеќе лица за вкупна сума од 1,5 милиони евра. Случајот, кој се развивал речиси една деценија, хрватските медиуми веќе го нарекуваат „измама на векот“.

Осомничената, која во одреден период навистина била вработена во една банка во областа Меѓимурје, го искористила своето познавање на банкарскиот систем за да изгради лажен имиџ на висока менаџерка. Со тоа добила доверба кај повеќе клиенти на кои им нудела наводно привилегирани орочени штедни фондови со високи каматни стапки.

Жртвите ѝ давале пари во готово или, по нејзин совет, подигале ненаменски кредити од истата банка, верувајќи дека прават финансиски исплатлива инвестиција. Наместо да ги уплати средствата во трезорот на банката, жената ги задржувала за себе и, според истрагата, ги користела за отплата на сопствени долгови и обврски преземени во минатото.

За да ја одржи илузијата дека сè е легално, таа им доставувала фалсификувани договори за штедење и во одредени случаи навистина исплаќала месечни рати и камати, со што дополнително ги уверувала оштетените во веродостојноста на нејзината понуда.

Полицијата ја расчистува целата шема која, како што стои во соопштението, се случувала во период од 2013 до 2023 година. Случајот го привлече вниманието на јавноста поради траењето, доверливоста што ја стекнала осомничената и износот на нанесената штета. Истрагата продолжува.

Најнови вести од: Бизнис Хроника Регион

(Видео): Рекордна реализација на капиталните инвестиции до сега

Паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

To top