Бизнис

LYNK & CO 02 со највисока оценка за безбедност на EURO NCAP во сегментот на компактни SUV

Lynk & Co 02 е награден со највисок резултат досега на Euro NCAP (European New Car Assessment Programme), европска независна организација која врши тестирање на безбедноста на новите автомобили. Lynk & Co 02 доби највисок резултат во компакт SUV класата во последниот циклус на тестови, потврдувајќи го како најбезбедно возило во својата класа тестирано во […]

Lynk & Co 02 е награден со највисок резултат досега на Euro NCAP (European New Car Assessment Programme), европска независна организација која врши тестирање на безбедноста на новите автомобили. Lynk & Co 02 доби највисок резултат во компакт SUV класата во последниот циклус на тестови, потврдувајќи го како најбезбедно возило во својата класа тестирано во 2025 година.

Со извонредни резултати во сите категории на оценување – вклучувајќи ја и највисоката досега регистрирана оценка од 89% за системи за помош за безбедност, 02 поставува нов безбедносен стандард во својот сегмент, додека ја продолжува посветеноста на Lynk & Co кон комбинирање на иновативен дизајн, одржливост во реалниот свет и напредна технологија. Безбедноста е карактеристика која го дефинира Lynk & Co 02. Со прогласувањето на најбезбедно возило во својата класа тестирано досега од Euro NCAP според последниот циклус на тестови, 02 му се придружува на својот брат, plug-in хибридот 01, односно двете возила се оценети со 5 ѕвезди. За Lynk &

Co ова признание значи дека напредната технологија може да испорача исклучителни резултати и интуитивно корисничко искуство. Највисокиот резултат на 02 се базира на резултатите од тестот во четири категории: возрасни патници, деца патници, ранливи учесници во сообраќајот и системи за помош за безбедност. 02 постигна извонредни резултати во секоја област – 90% за заштита на возрасни патници, 87% за заштита на деца патници, 83% за заштита на ранливи учесници во сообраќајот и извонредни 89% за системи за помош за безбедност, највисок резултат досега забележан од Euro NCAP според последниот циклус на тестови.

„Безбедноста отсекогаш била клучен столб на нашата производствена стратегија, а со Lynk & Co 02 ги подигнавме стандардите, и за себе и за целиот сегмент“, изјави Дејвид Грин, потпретседател за производи и стратегија во Lynk & Co International.

„Освојувањето на највисоката оценка од Euro NCAP досега забележана за компактен SUV е показател за насоката во која се движиме. Додека го прошируваме нашето портфолио на производи, ова признание ја зацврстува нашата заложба за создавање возила што не се само иновативни и одржливи, туку и се меѓу најбезбедните на патиштата.

Тоа ја поставува основата за тоа што можат купувачите да очекуваат од Lynk & Co – сега и во иднина”.

За Lynk & Co, ова признание е потврда за вредноста на создавање автомобили со интегритет, при што вистинските искуства се ставаат во фокусот на она што навистина е важно. Пристапот на Lynk & Co кон напредната технологија за безбедност носи реални придобивки за заедницата – а тоа е чувството на сигурност. Без разлика дали возите низ густ сообраќај во градот или патувате по отворен пат, моделот 02 е дизајниран и конструиран да обезбеди максимална заштита за вас и за оние околу вас. Lynk & Co 02 е достапен низ целиот регион на Југоисточна Европа, во 12 земји. Закажување на тест возење и повеќе информации има на локалната веб-страница на Lynk & Co: https://www.lynkco-see.com/mk/probno_vozenje?model_id=900 За да дознаете повеќе за Euro NCAP и да го прочитате целиот извештај за Lynk & Co 02, посетете ја страницата: Lynk & Co 02.

Најнови вести од: Бизнис

Нема субвенции за сите земјоделци, се заоструваат правилата – Министерството го стега „каишот“

Земјоделците се загрижени по најавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, дека во новата програма е предвидена и минимална површина од 0,5 хектари како услов за остварување право на финансиска поддршка. Тој најави засилени контроли во текот на оваа година, со цел државните средства да завршуваат кај земјоделците што реално придонесуваат за економијата и за развојот на руралните средини.

Колку македонскиот работник е продуктивен дома и во странство?!

Ќе ја подгрее ли инфлацијата саканата минималната плата од 600 евра?! Ќе има ли повисоки цени во маркетите?! Економистите велат, примамливо звучи примањата да се зголемат за 50%, но доколку не е покрепено со зголемана продуктивност, тоа не може да помине без ефекти во економијата.

(Фото): Македонското вино во трка за квалитет – индустрија под притисок од дома и од светот

Дополнителен предизвик е структурата на самиот извоз. Историски, значаен дел од македонското вино се пласира поевтино како рефус или во цистерни, во т.н. „bulk“ модел. Тоа обезбедува обем и полесен пласман, но нема препознатливост и повисока додадена вредност. Преминот кон извоз на флаширано, брендирано вино е процес што трае и не зависи само од желбата на производителите, туку и од инвестиции, маркетинг, конзистентен квалитет и јасна национална приказна. Без тоа, земјата останува „позадински“ снабдувач, додека брендовите и маржите се создаваат на други адреси.

Трајко Славески на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

Сме јаделе поскапа храна за 5%, скокнале и трошоците за вода и струја

Податоците покажуваат и дека трошокот за храна и за пијалаци ни се зголемил за 5,2 проценти на годишно ниво, додека ако се спореди декември со јануари, тие останале непроменети. Трошоците за облека и за обувки за една година се зголемиле за 1,2 проценти, но на месечно ниво тие се намалиле за 1,2 проценти.

To top