Бизнис

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

Народна банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и на домашните економски движења и е подготвена за соодветно реагирање. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерот на Народната банка Трајко Славески и директорката на Светската банка за Западен Балкан Шјиаочјинг Ју.

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Народната банка ја покажа својата способност за решително дејствување, придонесувајќи за намалување на инфлацијата и одржување на финансиската стабилност. Соочени со нов бран на неизвесност, нашата цел и натаму е обезбедување стабилност во услови на динамични светски промени“, истакна Славески.

На средбата беше нагласено значењето на партнерството и соработката меѓу Народната банка и Светската банка во рамките на проектот за модернизација на платните системи за земјите од Западен Балкан. Притоа беше искажана силна поддршка за напорите на Народната банка за успешно завршување на процесот за зачленување на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како и за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA.

„Пристапувањето на Македонија кон СЕПА во 2025 година веќе дава конкретни резултати. Трошоците за трансфер се намалија за 80%, а надоместоците за трансакција од 20.000 евра се намалија од 0,33% на 0,04%. Во поширока смисла, се очекува дека со пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон СЕПА, тие ќе имаат заштеда од околу 0,6% од регионалниот БДП или околу 1 милијарда евра“, рече директорката на Светската банка за Западен Балкан Шјиаочјинг Ју.

Tоа претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Се разговараше и за продолжување на поддршката којашто Светската банка ѝ ја дава на Народната банка во спроведувањето на системот за брзо плаќање за домашните и регионалните трансакции.

На средбата беше разгледан и напредокот на повеќе проекти за кои Светската банка обезбедува техничка поддршка, а коишто придонесуваат за јакнење на механизмите за задржување на финансиската стабилност. Притоа, беа нагласени придобивките од учеството на Народната банка во студијата за оцена на одржливоста на компаниите и целиот корпоративен сектор во земјава, којашто беше спроведена во 2024 и 2025 година со поддршка на Светската банка. Аналитичката алатка врз основа на која беше изработена студијата значително ќе придонесе за посеопфатни системски анализи и супервизорски оцени на Народната банка, како и за операционализација на рамката за решавање банки.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top