Бизнис

Македонија и натаму со најевтини горива во регионот, велат од Владата

По одлуката на Регулаторната комисија за големо поскапување на дизелот, граѓаните гледаат кон следната сметка за струја. Ќе се прелеат ли повисоките цени на горивата и врз струјата?

По поскапувањето на дизелот за 104,5 денари во малопродажба, се огласи заменик-министерот за економија Марјан Ристески, кој вели дека Македонија и натаму ги има најниските цени на горива во регионот.

  • Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот. Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, а цените во регионот се од 5% до 30% поскапи, најскапо во Грција.

Во Македонија литар дизел е 104,5 денари и во регионот е поскапо од 11 % до 40,5% во Албанија. Ова се реалните цели на горивата во Македонија и во регионот, македонските граѓани трошат помалку за да ги наполнат своите резервоари на возилата и со тоа им останува повеќе во нивните семејни буџети. Ова е доказ дека добро испланираните и променети мерки за намалување на цените, како што е намалување на ДДВ и акцизите, даваат резултати и ги држат под контрола малопродажните цени“, напиша Ристески на социјалните мрежи.

Поскапувањето на дизелот и неизвесноста на енергетските пазари повторно ги отворија прашањата за цените на горивата, струјата и влијанието врз семејните буџети. Додека Владата и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека преземените мерки даваат резултати, опозициските партии СДСМ и ДОМ предупредуваат на нов бран поскапувања и растечкитовар врз граѓаните.

Од СДСМ предупредуваат дека поскапиот дизел ќе влијае врз транспортот, земјоделството и цените на храната, што може да предизвика нов бран поскапувања на основните производи. Опозицијата посочува дека граѓаните се соочуваат со повисоки трошоци, долгови и стравувања од нов раст на сметките за струј, додека, според нив, поединци остваруваат милионски профити.

И од партијата ДОМ сметаат дека сегашниот модел на функционирање на енергетскиот сектор овозможува милионски профити за дел од сопствениците на соларни и ветерни паркови, додека трошоците ги плаќаат граѓаните преку сметките за струја.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top