Бизнис

Мицкоски: Годинава првпат петцифрен номинален БДП по жител од 10.500 долари

По куповна ноќ над 30 илјади долари

Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2029 и 2030 година да бидат години кога земјава нема да треба да издава еврообврзница, а годинава да ја завршиме со номинален БДП околу 19,5 – 19,6 милијарди долари, со номинален БДП по глава на жител со 10 500 долари, што како што вели, е првпат да има петтоцифрена бројка, по куповна моќ со над 30 илјади долари.

-Следната година ќе натрфрлиме номинален БДП над 20 милијарди долари, годинава ја завршуваме со 19,5 – 19,6 милијарди долари. БДП по глава на жител во однос на номинален 10 500 долари првпат петтоцифрена бројка, а по куповна ноќ над 30 илјади долари. Тоа е убедливо повеќе од Албанија, која има 23 илјади, Косово околу 20 илјади и останати земји, малку помалку од Србија и Црна Гора, но очекувам веќе следна година и нив да ги стасаме, рече Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

Очекува дека 2026 година по куповна моќ земјава ќе отиде над 32 илјади, а по номинален до 11 илјади долари.

Ова, како што рече се пресметува по број на население кое е по попис од околу 1 милион 800 и нешто илјади лица. Присутни во земјава, според него, се околу 1 милион и 400 илјади.

-Поголем проблем е структурата. Скопје за 2024 година по моќ има поголем БДП по глава на жител од оној на цела Грција, на пример, односно номинален од 18 илјади долари за 2024 и по куповна над 45 илјади. Проблем е што остатокот на Македонија е полош, пред се полошкиот и североисточниот регион, вели премиерот.

Според него, за да се задржи макроекономската стабилност, треба да се држи нивото на инфлација во рамките на 2 до 3 проценти како што било проектирано, да се почитуваат колективните договори и растот на просечната плата од околу 9 и пол до 10 проценти.

-Притоа да имаме реален раст на БДП од околу 3,5 до 4 проценти, а номинален раст помеѓу 7 и 8 проценти. Ако сакаме да имаме стабилна економија е добро ова да го одржуваме, рече македонскиот премиер.

Истакна дека следната година земјава има за враќање нешто повеќе 2,2 милијарди.

-Обврзницата која е земена пред нешто повеќе од 4 години е 700 милиони и треба да се врати во април. Во јануари ќе мора да се работи на издавање на еврообврзница. Она што е добро е што немаме проблем со инвеститори на пример Албанија има, Црна Гора има, Косово има, Србија има, ние немаме, рече Мицкоски и додаде дека купонот кој ќе биде издаден да се реализира целосно.

Факт е, вели, дека годинава сме вратиле 500 милиони, следната треба да се вратат 700, во 2027 година 500, во 2028 година 700 милиони што се долгови од претходно.

-Лани не земевме еврообврзница бидејќи парите ги вратиме од унгарскиот кредит тоа ни беше нешто што беше најповолно во тој момент, рече Мицкоски потенцирајќи оти очекува 2029 и 2030 година да бидат години без издавање еврообврзница и години кога земјава ќе може малку да здивне.

В година само еврообврзницата што треба да се врати е 700 милиони и буџетскиот дефицит 600, плус други кредити кои доспеваат, така што, како што истакна Мицкоски, тоа ќе биде прилично предивикувачки период бидејќи станува збор за сериозен процент од буџет од 7 милјарди евра.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

Двоцифрената стапка на раст е резултат на континуираното унапредување на портфолиото, инвестициите во иновации, модернизацијата на производствените капацитети, како и зајакнувањето на односите со партнерите и пациентите

To top