Бизнис

Минималната плата мора веднаш да се зголеми, алармира Сојузот на синдикати

Сојузот на синдикатите на Македонија остро реагира на изјавите и ставовите на работодавачите и нивните организации дека работниците во Македонија не биле доволно продуктивни. ССМ ја објави следната реакција:

Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена, порача денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој посочи дека еден работник работи за себе, за работодавачот, за менаџерскиот тим, а сепак добива плата од близу 400 евра со која не може да се преживее месецот.

  • Минималната, но и сите останати плати мора веднаш да се зголемат. Еден работник според последните податоци од Народната банка заработува на својот работодавач меѓу 300 и 600 илјади денари. Тој доаѓа на работа, работи за себе, ја заработува платата на директорот, на менаџерскиот тим, заработува за инвестиции, коли, викендици за работодавачот, рече Трендафилов.

Додаде дека две минимални плати не можат да ја покријат минималната синдикална кошничка, со што се вклучува алрамот за покачување на минималната плата. Забележа дека 500 евра се минималните плати во регионот со што младите не мораат да заминуваат на печалба во Германија, туку повеќе може да заработуваат во Србија, Босна и Херцеговина дури и во Албанија.

  • Вредноста на синдикалната минимална кошница, која се пресметува од 2011 година беше основа за носење на Законот за минимална плата. До денеска се органзиирани 22 протести и два штрајка со цел да им се покаже на работодавачите дека минималната плата треба да биде зголемена на најмалку 500 евра со цел да може соодветно да се преживее месецот, изјави Трендафилов.

Што се однесува за потрошувачката кошничка, за која што премиерот има предлог да има кошнички за неколку групи, Трендафилов одговори дека синдикалната потрошувачка кошничка уште во 2011 година беше основа за носење на Законот за минимална плата и овозможи зголемување на работничките плати, а таа статистичка операција покажува и со колку пари еден работник не може да преживее. Во конкретниот случај, прецизира, 65.000 денари се минимумот за условите кои може да си ги дозволи едно четири члено семејство, а пак 100.000 денари се комотни да се живее исто, како што рече Трендафилов, како што живеат функционерите.

  • Намерата на Владата да покаже дека ќе пресметува една, две, три или пет потрошувачки кошнички за различни категории на луѓе иако ние зборуваме како ССМ цело време дека ниту синдикалната минимална кошничка, ниту овие пет на Владата ќе ги прехранат семејствата во Македонија. Петсотини евра минимална е нешто што треба се случи уште вчера, имајќи во предвид дека на секаде во регионот ќе има покачување на најмалку 500, а најмногу 800 евра минимална плата, изјави Трендафилов.

Прашан зошто е закочен дијалогот за носење на новиот Закон за работни односи, Трендафилов одговори дека овој Закон е закочен веќе седум години.

  • Ако седум години е времето ако едно новороденче тргнува во прво одделение на училиште, можеме да кажеме дека не можеме да зборуваме за апсолутно нов Закон. За жал, поради изборите во претходната година и поради изборите оваа година, апсолутно не се дискутира помеѓу за ниту едно прашање поврзано со Законот за работни односи. Меѓутоа, тоа што го видовме како опасност што го применува сегашната Влада, а го започна претходната, е тоа што со брзи измени на штета на работниците се прават дополнување на Законот за работни односи, кои не се во интерес на работниците. Тоа го започна претходната влада ако паметите со можноста „Бехтел и Енка“ работниците да работат и по 12 часа или повеќе од 70 часа неделно, што го нема никаде во светот, а и оваа Влада почна со некои такви измени, чекори без социјален дијалог за Законот за работни односи, изјави Трендафилов.

Претседателот на ССМ, порача дека по изборите секако треба да се разговара за нов Закон за работни односи или било какви измени и дополнувања на сегашниот, но забележа дека мора да има и дијалог меѓу власта и синдикатите, односно работниците.

Најнови вести од: Бизнис

Под лупа над 800 продажни места, Инспекцијата со полни раце работа – Кој се го прекршил законот в очи празниците?!

Мицкоски најави дека на следната владина седница ќе го имаат извештајот и компаративната анализа и ќе резгираат врз основа на неа. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ за бензините и дизел од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која Регулаторната комисија за енергетика може да постапува.

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top